Ќе започнам со слика, одраз на вистинско семејство. Ние ја креираме нашата фамилија, таа е дел од нас таа е одраз на она што сме ние, а ние секогаш се бориме за иста цел „Нашето здравје’’.
Болеста ми ја донесе најголемата животна лекција: Како да се борам за својот живот! Семејството ми помогна да се борам со предизвиците. Првите челни луѓе ми го покажаа патот како да се изборам за лек. А подрката на фамилијата ми даде воља за живот и како да се радувам што живеам со моето се: Моето семејство.
Јас сум Ѓурѓица Ќаева председател на Асоцијација за пулмонална хипертензија „Момент плус’’ во Република Македонија. Оние кои ја знаат мојата приказна знаат дека два пари и пркосев на смрта и преживеав, зошто верувам дека имам повисока цел од она што го постигнав до денес. Јас сум болна одИдиопатска пулмонална хипертензија. Во Македонија има 7-8 пациенти со истата болест но до сега единствено јас зборувам отворено за болеста.
Како и секоја година и оваа АПХ Бугарија не повикува да сме дел од нивното големо семејство. И кога си со семејството секогаш си како дома. Со нив оваа година ја прославивме нашата три годишнина со добри желби и радост во иднина учејќи од нив и нашето семејство да го направи истиот подвиг да седнеме сите заедно на тркалезна маса да споделиме искуство, знаење и да научиме како да си помогнеме себеси.
Ако некогаш помислував дека е тешко да се изборам за својот живот и за лекот кој ми е потребен денес знам дека тоа е на дофат, кога имаш подадена рака и учители како моите добри и драги пријатели од АПХ Бугарија.
Денес славиме три години постоење, јас сум доволно силна да се борам за себе и моето мало семејство, имам од кого да учам имам подршка и помош само ми треба она малку: здравје, здравје и само здравје.
Посилни од се помина и овој МОМЕНТ ПЛУС на славење, МОМЕНТ ПЛУС на голена интернационална средба на АПХ Бугарија и Националната алијанса за ретки болести во Република Бугарија, на која ние бевме гости заедно со нашите пријатели од Србија, Словенија, Романија, Норвешка.