Делевме радост и среќа, имавме и лоши денови. Заедно минувавме низ сите предизвици од првиот ден.
Но животот знае да биде неправеден, тежок и болен. Каде сум јас во приказната на пулмонлна хипертензија. Момент и целиот живот се менува. Единствена светла надеж е третманот со кој Ѓурѓица ке биде првото убаво нешто што ке ми даде воља секое следно утро. Си ветив на моето лице секогашш ке има насмевка за таа да знае дека до неа стои мажот кој секогаш ја сакал и секогаш ке биде со неа, зошто ова можеше да бидам јас.
Нема да зборувам за мене, ќе кажам само како изгледа нашиот ден. Кујната веќе скоро во целост е моја обврска.
Куќата и грижата околу неа е моја обврска. Грижата за Ѓурѓица е мое секојдневено задоволство, зошто со љубов ништо не е тешко. Тука е и нашиот син, мојата гордост нашиот иден виолинист. А во меѓувреме морам да работам за да можам да им го обезбедам на саканите што е неопходното, секако не се парите за нас тоа е лекот за мојата Ѓурѓица. А што е неопходно за нас. ЗДРАВЈЕ.
Бев најсреќниот човек на светот кога ја облеков во бело Ѓурѓица, и добив надеж дека откако ке имаме лек за третман Ѓурѓица ќе дише повторно. Се будам секое утро го задржувам здивот додека не се увреам дека и оваа ноќ ја преживеавме. Незнам каде затаија институциите и ситната администрација. Молиме за лек, а за возврат сега немаме никаков третман.
Само сакам да ги прашам тие кои одлучиа дека Ѓурѓица има време:
ЈАС ЛИ ДА ЈА ОБЛЕЧАМ ВО ЦРНО, КЕ МИ ПОМОГНЕТЕ ЛИ ДА НАПРАВИМЕ ГНЕЗДО КЕ ИСПРАТИТЕ ЛИ АНГЕЛ СО МЕНЕ?
Молам и не се срамам, просам и не се срамам, јас сум работник, татко, маж и жена во нашата куќа и само посакувам Ѓурѓица да дише покрај мене. КОЛКУ Е ЕВТИН ЖИВОТОТ, КОЛКУ?
Ratko ti si prekrasen covek, soprug tatko.....ti si pred se borec, nemoj da pomisluvas nisto sto ne sakas...mora da bide kako sto treba ....Gjurgjica ke dobie lek.
ReplyDeletesekoja cest
ReplyDeleteBravo golem coveku, tatko i domakin vo vasiot topol i ljuboven dom.
ReplyDeleteSe nadevam deka ke ja dobiete borbata za miren i spokoen zivot vo ova zagrizuvacko vreme...
Od se srce vi posakuvam se najubavo. Neznam kakov lek i treba na Gurgica za pomos, ne sum dovolno upatena, megutoa bi sakala da pomognam i pridonesam vo vasata akcija i borba.
So gospod napred i da dobiete sto ocekuvate.