Saturday, August 27, 2016

Заедно до крај на светот и таму ке наздравиме за животот

Растевме во мало место, од кај мене до кај тебе со трчаница одевме да играме. Јас бев постар батко и морав да те држам за рака. Растевме заедно секој чекор го одевме заедно. Каде те изгубив по патот. Сега не можеме да трчаме, сега многу ретко заедно се смееме. Прошетка и кафе во центарот е идеален ден за кој можеме да се надеваме откако ке имаш лек.
КАДЕ МИ СЕ ЛИЗНА ОД РАКА, МОЈА МАЛА СЕСТРИЧКЕ!
Заедно зборуваме од сам почеток, знаевме на која врата не носи твојата болест. Знаеме дека нема лек, ама има третман кој е врата за нормален живот. А ти си толку силна што ако ти се даде шанса животот знаеш да го живееш со полна сила снага и смев. 
 Сега веќе си немоќна да одиш, ти треба рака да те држи, да ти помага, да зборува во твое име, да биде Ѓурѓица гласна и насмеана и да го каже во твое име.
СЕСТРО МОЈА ЈАС ЌЕ ЗБОРУВАМ ЗА ТЕБЕ, ЈАС КЕ ТЕ НОСАМ ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ ЗА ДА ЖИВЕЕШ И ПОВТОРНО ДА ГО ИСПИЕМЕ КАФЕТО ВО ПИЈАЦА. ВЕРУВАМ ДЕКА ОВОЈ ПАТ КЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНЦИ ВО МАРАТОНОТ. ВЕРУВАМ ДЕКА ЗАЕДНО ПОСЛЕ ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КОГА КЕ БИДЕМЕ СТАРИ КЕ НАЗДРАВИМЕ ЗА ЖИВОТОТ.
Секогаш во се со тебе најдрага сестричке.


No comments:

Post a Comment