Monday, November 25, 2019

Битка без бојно поле ,каде надежта умира и се помалку сме на број


No photo description available.

Дали знаете колку боли кога ќе добиете ваква порака :
***Драга  Ѓургица
Само да ве известам дека нема потреба повеќе да ја водите мајка ми како член на здружението.
Почина во јули годинава .. и за жал, не го дочека лекот како и  многу други досега.***

    Чувството кога уште еден ангел згаснува а на фамилијата и остануваат само извештаите и документите од години наназад барање на правото за лек и живот
    Уште еден млад живот изгасна чекајќи за помош ,за лек.Надежта за ова семејство изгасна кога згасна животот на пациентката која чекаше лек ,но не дочека.Нормално е дека не може да се дочека .Може ли да не дишите?Ве прашувам онака отворено?
    Без вода ќе издржите ,и без храна подолго но без воздух...Не знам што не е јасно во цела ситуација.
     ГЛАД ЗА ВОЗДУХ ... воздух е ексклузивно право на моќните. ние обичните умираме чекајќи од било која возраст , од 1 до последен, а не сме ни 30, повеќе умираме од што не дијагностицираат а не не лечат на време..
Image result for purple candle"
Во знак на поддршка ве молиме запрете го здивот само една минута. минута молк во знак на жалење минута без здив во знак на ПХ.
Пробајте ставете цевка во уста ,затнете нос и дишете.
Битка без бојно поле. Семејство без корен. Болка без лек небаре ние со болеста не заслужуваме право на здив. и кога толку многу пари  за се и сешто, за некого се, за нас кои не дишиме ни права за живот.
 А ти мила почивај во мир.Диши слободно сега таму горе .Чувај ја фамилијата,чувај не нас !! .Ангелу наш...
Image result for purple ангел"