Sunday, April 29, 2018

Сестро јас ќе те водам на маратон...

Дали знаете како е кога животот ќе ве изненади.Едноставно изненадување кое ти го променува животот за 360 степени.Да 360 степени.
Колку само многу сме така изненадени...
Колку млади од активни станале буквално инвалиди.Невидливи инвалиди од ретка болест Пулмонална (Белодробна)Хипертензија.
Многумина кога ќе прочитаат Хипертензија мислат хмм знам што е тоа,баба ми има,чичко ми страда..
Но не ,мили мои тоа е опака болест која ти го зазема цел дух ,остануваш без здив.Остануваш без својот живот и имаш сосема нов,друг,непознат.
Од активна стануваш старица на триесет години. Тешко искачуваш скали. Остануваш без здив и кога збориш.Малската продавница е како да треба да пешачиш до соседното село.Среќен си ако станеш и успееш да се облечиш,да се средиш. Среќа е ако успееш надвор да излезеш.
Животот е голема загатка.Зошто ?Како ? Но се случува.
Бев 33 години кога извршувајќи ги работните обврски наеднаш осетив вртоглавица,силно биење на срцето,омалаксаност,неможност да продолжам пеш уште три метра.Вистински хорор кој сеуште трае.
Имам многу сестри и браќа во цела несреќа.ПХ Фамилија во која делиме исти судбини.
Заедно сме посилни.Заедно можеме многу.
Минатата година брат по болест од Бугарија Тодор ,исто пациент со Пулмонална (Белодробна) Хипертензија,вид Тромбоемболична заболел на 33 години.Активно воено лице,командант .Но болеста кога иде не прашува.За среќа овој вид на Пулмонална (Белодробна)Хипертензија се третира оперативно и голем дел од пациените можат да живеат нормален живот.Така и тој вистински борец живее и ужива во секој момент и активност. Но сакаше да ми подари дел од тоа што го немам и не можам да го имам. Ми кажа сестро оваа година ќе трчам со тебе на маратон и ти да го почувствуваш духот и адреналинот.Вистинско Богатсво.Моменти кои не се забораваат.И така истрча 5 км буткајќи инвалидска количка а во неа јас.Успеа..
Чувството е неописиво.Но пораката единствена Хронично Тромбоемболична Пулмонална (Белодробна) Хипертензија се третира,пациенти од цел свет бидете свесни за тоа.
Денес на 39 годишна возраст,една недела пред Скопски маратон,повторно се подготвуваме и здравје боже уште една порака ќе испратиме.
Животот е еден миг ,живеј го!!!
Ѓургица Ќаева