И така безмилосно со лаги и со измами ми
ветивте живот пред два месеца.
Ветивте дека ќе имам лек,ветивте оти оваа недела
иако касни лекот ќе го имам,а сега ми кажувате “вчера го потпишаа договорот за
лек“...
Кој кого лаже?? Вие мене или сами
себе??
Кој овде губи Јас или цело наше клише
од општество.
Џабе ви се сите пофалби ,фалби ,ветувања
кога не можете да одржате едно ветување за еден човек , а да не збориме за
повеќе.
Сега демек криза било ,демек сите на
одмори Е извинете почитувани мои „Болеста“
не знае за одмор и за криза. Мојата состојба е во криза веќе подолго време. Каква
игра играте ? Дали мислите оти ќе ве заобиколи животот вас и нема да
почувствувате кога сите овие гревови ќе ви паднат на грб и по глава.
Немојте да сте во заблуда мили мои сите
под ред .
Дали сакате или нарачувате потсвесно
уште една смрт и минус уште еден пациент со ретка болест.
Од таму ли ќе започнете ???
Срамота ,како да се пофалам дека мојата
држава е моја мајка кога со мене се понаша како лоша маќеа.
А затоа се криви
сите оние мали административци кои чекаат ден да дојде ден да пројде.
Ќаева Ѓургица
No comments:
Post a Comment