Wednesday, January 11, 2017

Препораки за пациентите со ПХ во услови на студено време



Моменталните температурни разлики од над 30 степени целзиусови е непогодно за лицата со пулмонална хипертензија. Затоа е неопходно да се зачува здравјето во овие ладни денови. Ладното време влијае непогодно на пулмоналната хипертензија пред се ладниот воздух предизвикува вазоконстрикција на крвните садови во белите дробови и предизвикува хипотермија која дополнително лошо влијае на периферните крвни садови, и зголемување на волуменот на крвта во внатрешните крвни садови дополнително го покачува притисокот од волуменското оптоварување.

 Затоа е неопходно да се почитуваат препораките за заштита од ладното време  1.Ладното време носи настинки и поради тоа е неопходно заштита од вирусните инфекции со вакцинација на лицата со пх.
     2.Симптомите на настинка треба да се третираат во раната фаза и доколку се појават задолжително контактирајте го вашиот семеен доктор.
     3.Доколку немате неопходна потреба за да го напуштите домот на -25 • С, останете во домот.
   4.Одржувајте ја топлината во просторијата на 20+_ •С. И релативна влажност на воздухот од 30 – 60%.
   5.Конзумирајте минимум 2 литри на течност во текот на денот, а за да не правите задржка на течности конзумирајте вода и млаки чаеви без теофилин.
     6.Доколку чувствувате периферен студ користете термофор за загревање.
    7.Просторијата во која престојувате не треба да се загрева со дрво кое чади и да се готви.
     8.Проветрувајте ја просторијата најмалку три пати во денот во интервали од 1 - 3мин.
     9. Просторијата во која спиете задолжително треба да се затоплува.  
   10.Користе постелнина со ланолин која не пропушта студ и не предизвикува прекумерно потење.  
     11. На нозете задолжително носете топли обувки.
   12.Доколку излегувате на ладното време задолжително носете памучна капа шал, ракавици и топла облека.
     13. На ладното време задолжително покривајте ја устата со маска или памучна крпа.
   14.На нозете носете рапави топли чижми кои ке ве заштитат од лизгање. Како и дополнителни помагала за движење.
     15. Престојот на директен студ ограничете го на минимум.
     16. Во возилото носете дополнителни средства за затоплување.
     17. Носете термос со течност која е млака и храна.
     18. Носете ја вашата комплетна терапија со вас кога го напуштате домот.
  19.Секогаш имајте придружба кога го напуштате домот или имајте средство за комуникација (полнач за мобилен телефон и мобилен телефон).
   20. Во случај на непогода обратете се на службата за итна медицинска помош со назнака за болеста од која боледувате.
     21. Носете картичка за идентификација на која е запишана вашата болест.
     22. Резрвоарот на вашиот автомобил секогаш нека биде полн.
     23. Не извршувајте тешки активности за вас.
    24. Доколку сте вработени искористете го вашето право за ослободување од работа во услови на студ кои државата ви ги гарантира со закон.


No comments:

Post a Comment