Пет години од мојот нов живот
Дали во моите очи пролетта ќе има ист сјај?
Дали сончевите зраци ќе измамат иста насмевка?
Дали ќе можам да трчам на убавата зелена пољана?
Дали ќе се искачувам по планинските патеки?
Сонот и прошеткатс во шумската бајка...зеленило...цветови ...птичји песни.. шумски тревки...
Дали ќе скокам по камењета во плитката река?
Не ,нема ...се е тоа дел од еден друг живот на Ѓургица.
Тоа е завршено поглавје.
Дали ви се верува дека за само една секунда де може да се смени.
Сите сонови да ти паднат на глава.
Да се искршиш во милион парчиња како некој убав украс од кристал.
Точка..
Нов живот ... како во огледало лош сон.
Нема повеќе трчање. Нема повеќе ловење на шумската убавина. Нема игра во плиткоте речни води.
Ништо нема, ништо не остана.
Веќе пет години живеам живот и борба за здив.
Зошто досега никој не ми кажа дека тоа е луксуз?
Дишењето е луксуз.
Зошто мамо не ми кажа?
Зошто?
Да знаев ќе го штедев како што штедев како мала да си купам нови боици.
Сега и чекорите се луксуз.
Ни тато ,кој ги има сите одговори остана затечен.
Пред пет години мојот нов живот. Пулмонална хипертензија
Додека сите ти велат изгледаш прекрасно ти едноставно знаеш ...
Ти не можеш да одиш не можеш да трчаш не можеш да танцуваш се е тоа луксуз кое ќе те чини живот....убиство на сите сништа.
Живејте луѓе не знаете што ве чека зад вратата.
Какво ли изненадување!?
Сега имам друг поглед кон светот .
Знам јас сум една од ретките.
Многу често се прашувам со што заслужив ?
Секако постои и затоа , но премногу е за ова срце кое се зголемило од болеста да мисли . Во права смисла на зборот големо срце кое се мачи да пумпа и бара сила секој нов ден да го поминам барем со полни гради патувајќи на бродот на животот.
Ѓургица Ќаева
Луксуз или иронија, живот или пародија, купи здив подари здив, болка тага и надеж. Многу тежина за мала вистина... трај трај и истрај лавице меѓу жените борец меѓу ретките и после следна таточка знам дека си благородна и родена со причина.
ReplyDelete