Ќе сакаш ли за мене да направиш една услуга?
Прегрни ме како мајка својата керка и не е битно колку ке ми помогнеш, ми подаде рака. Благодарам! - Од Ѓурѓица
Ќе го направиш ли невозможното?
Ќе бидеш ли се што беше, а тоа да не ме повредува?
Повеќе не сум ни дете немам сила ни за следниот чекор но лулката и ветерот ми се сојзузници на овој последен лет! Да живееме не како што бевме, но да живееме зошто после првата смрт живеам зошто малите нешта го претворија светот во гнездо од скршени но живи соништа. Од Ѓурѓица
За мене да го сториш тоа?
Ти ми подаро музика, со зборови кои најубаво ја опеваат тагата, со звуци на виолина и хармоника, а јас ќе ти подарам мајчинство не како мајките кои трчаат по своите деца, да ги замениме улогите трчкај ти покрај мене, а јас ке бидам твојата муза во домот. Ти си мојата причина за живот. Од Ѓурѓица
За надежта која се коси со вистината?
За нас и нашата иднина?
Иднина низ прозорец, идила на дофат и недопирлива, до онаму има илјада и петстотини чекори кои до крај на животот можеби нема да ги изодам. Но за нас ќе стојам на другата страна на огледалото и ке сонувам. Од Ѓурѓица
Од љубов кон мене!
Сите баш сите срца кои се вперени кон мене се и кон вас. Љубовта живее, а живееме и ние со неа. Од Ѓурѓица
Од силата што ти остана!
Во камен и земја, во песок и чакал има сила фиданка да опстане на сите ветрови и виулици, таква убава и нежна без да се скрши. Нема ни јас! Од Ѓурѓица
Од животот за кој сонуваш!
Сумрак и ветрометина. Онаму каде после надежта животот остана на ивица од сеќавања што како бледи сеништа потсетуваат на убави нешта, а те прават тажна и скршена. Па останав човек, а тоа ме потсетува секој следен миг - ЖИВЕАМ СО ПХ И СО ПХ ИМА ЖИВОТ. Поинаков, потежок, пократок, поболен и понатаму по последните препреки полека продолжувам преку последните ѕидови до браникот на можностите со сите Вас до мене.Од Ѓурѓица
На сите мои пријатели, подржувачи, лица со пх и нивните семејства, на моето семејство на мојата гордост и мојата поткрепа, на сите кои солзите ви се пријател, Ви посветувам сино љиља, небо на надеж.
No comments:
Post a Comment