Friday, March 24, 2017

Најголема подршка која не се заборава....

Кога остануваш сам во бездната на суровата вистина...
Кога стануваш роб „ега,суети..“-таква ти била судбината. 
Кога паѓаш до дно и немаш Избор,немаш, Сила,немаш Излез,немаш ни Надеж,тонеш...во тунел изграден од минато и само сегашност,која е болна,сурова без ронка светлина.
Кога сонот станува луксуз,насмевката само крива линија на усните без никаков поглед,видик и сон за иднината. 
Тоа е тоа...дно,самотија,тоа е чувството кога остануваш приклештен во незнаењето и сознанието за добивка од нова состојба на самотија во животот и дијагноза. 
Ретка Болест. Од ретка ,поретка, 2012 година,дијагноза .
Пулмонална Хипертензија. 


Објаснение од докторка: Не се Лечи,тука нема лек. Тоа е прескапо,можеби ако имате финансии и да се третирате,НО ако имате !!! Кратко,за малку и јасно објаснение... Снајди се па живеј ако имаш тоа проклетите пари,ако не препушти се на времето кога ќе дојде судниот час. 

И паѓаш,стануваш...пак паѓаш...и...кога се фаќаш за последната сламка како давеник по голема бура на крајот од долгиот тунел се појавува светлина,онаа светлина од свеќа кој ја дава мокар коноп,но свети...бледосино... 
Тајно и многу вешто мојот татко , мајка ,сестра, зет, сопруг ме фатија во тесно и убедија на претходно закажано преглед кај нов доктор. Уф колку ги мразев тогаш сите ... 


Но денес викам Благодарам !
 Благодарам што ме донесовте до мојот ангел чувар , мојата надеж.. Кога бев сама и немаш никој... За мене во секој момент беше тука мојот доктор, пријател, соговорник во најтешките моменти.
Тој што ме одржуваше на патот кога паѓав и само со еден краток одговор ме враќеше повторно во колосек.
Најголема подршка која не се заборава. Ви го должам животот и сите мои успеси. 
Благодарам Асс.др.Вања (Иван)Милев 
Благодарам Проф.др.Жан Митрев и Специјалната Болница „Филип Втори“ кои секогаш беа подршка и секогаш со мојот ангел чувар. 


Пред неколку дена 5 години од мојата дијагноза,4 години од постоење на македонската асоцијација „Момент Плус“, здружение за пациентите со Пулмоналха Хипертензија.Благодарам што како претсавник на најеминентната клиника и покрај целодневните обрски дојдовте со др. Планинка Зафировска со поздрав од проф.др.Жан Митрев за успешна работа и успех на јавното отварање и огласување на здружението.Благодарам за секое ваше присуство и одвоено скапоцено време кое сте го одделиле за мене.
 Простете ми за моите прашања во 4 саат по полноќ. Да, даа знаев да ви пишувам реферати од мејлови во глувите саати од ноќта со милион прашања на кои секако добивав одговор. 
Без вашата подршка немаше да се знае за Пулмоналната Хипертензија во Македонија. 
Вие ми бевте ѕвезда водилка. 
Заедно направивме историја др.Милев,др.Планинка ...30 Декември 2014 за првпат (6MWT) 6 минутен тест во Македонија –доста значаен за ПХ пациентите .
Се гордеам што сте мој доктор,што ме подржува клиниката „Филип Втори“.Мој доктор кој неуморно ме следи и кој од најлоши кризи,влошувања ме извади повторно на патот на животот.
 Вие сте гордост за клиниката „Филип Втори“ . Гордост за Македонија.
Ви Благодарам Доктор Вања
http://www.filipvtori.com/nadezhzhivotidnina

No comments:

Post a Comment