Saturday, January 26, 2019

Од лицата со ПХ на сите трагачи по здив

Најголемо бреме на човека е човечноста. Иде или доаѓа, проаѓа или никогаш не доаѓа. А потребно е само малку дух и емпатија. Подари да ти пружат, не суди да не ти судат и прости да ти простат. Ова се највозвишените човекови вредности кои може да ги достигне само човекот.
Години наназад нашиот глас се слуша од наши пријатели и јабанџии кои ни се поблиски и од родени браќа и сестри зошто нив ги имаш по еден двајца неколку, а денес ги имаме многу неброени и искрени.
После долга бирка лицата со пулмонална хипертензија повторно на работ на егзистенција и опстанок за уште еден здив за уште еден момент. И чекаме почнавме да броиме на часовникот на времето кое за нас оддамна е изминато.
Но има некој кој е трагач за здив трагач за воздух и место нас оди по патеката на илјадници милји, а толку скромно и искрено. Тоа ја дава смислата на животот тоа дава надеж за новото утро кои сите ние 17 ќе го дочекаме да ве бодниме на новата трка на новата патека на новата прошетка што несебично ветивте ќе ја трчате 365 дена за нас.
Трчајте наши браќа и сестри, посетете ги најубавите места и запишете ја целта која е даровита од Вас, а ние ќе го благословиме секој ваш ден и подвиг.
Ако ние не можеме да го изодиме сами тој пат Вие сторете го тоа за нас одете видете и запаметете вашата цел е света и ние веруваме во вас само зошто знаеме колку е искрена и долга.

Од лицата со ПХ
на сите трагачи по здив

Sunday, January 20, 2019

На Ѓургица и ПХ лугенца



„..Што велиш ти да сум - ех да сум!...Здив сум јас душо малечка, воздишка сум од небото за човек подадена, од болка украдена па фрлена во водата речна во езерце заробена што е, на робинка робинка постанав...Што сакам јас ти за воинка на светлината што се велиш да кренеш со меч и штит од ЉУБОВ, водата на реката да и ја вратиш, мене да ме ослободиш, леглото во џиновско човечко дишно крило да го престориш едно, кај жедните за здив веднага да го однесеш, кроз едно сите здив да зимаат, да ме дишаат заедно и лесно во веков човечки и по законот Божји.
...од една душа обична /на Ѓургица и ПХ лугенца, со љубов несебична/''-

Stanimirka Lola Tasevska


Stanimirka Lola Tasevska Се чувствувам човечки помеѓу активистите на Македонија во поддршка на ПХ пациентите за лесен пристап до лекарствата, за лесен здив, за момент плус во нивен живот. Нека оздрават сите болни во светов, здравите да се секогаш здрави!



Нека се здружат Светиите во висините и лугето на земјата - извор кој што е Еден од кој дотекува живот душевност и здравје ништо да не го сопира и заматува..


-Ако веке пости лекот - Да им се даде на сите! Ако пости право на живот -Да им се даде!
--Оние од кој зависи нивниот здив нека замислат дека се тие некој нивен близок од семејството -родот човечки нели е тоа ?

Поддршка на ПХ пациентите со 32 изодени километри од село Матејче -Манастирот -Скопска Црна Гора во денешна акција на ПД Трансверзалец по угорници и снег.

-Денес само заради нив -Нека моите чекори не бидат попусто изодени!


Stanimirka Lola Tasevska Ако веке живееме во исто време ако веке имаме по еден живот ако веке постојат патишта треба да сме еден до друг и еден за друг заедно за да си го олесниме и разубавиме животот♥️🍀🙋‍♀️💃😍







Friday, January 18, 2019

Ангели на земјата летаа кон целта



Балканот е чудно место тоа што не разликува е многу малку но тоа што не спојува сите е уште помала нишка на човечна скромност за подавање рака.

Гостите од Америка дури од таму знаат дека овде кај нас и странец на улица не останува ако затропа на врата на непознат.
Овде ние сме гости странци невидливи инвалиди кои меѓу луѓето побаравме некој за  нас да ги прошири убавите вести на далеку. Ние минуваме некогаш едвај 50 метри, но затоа моите пријатели кои години наназад не подржуваат појдоа на пат од 50 км за да покажат која е разликата позади убавите насмевки и лица.


Нашата болест е асистент во секој здив, те потсетува дека немаш здив а да се живее без воздух е агонично и застрашувачки. Но учиме во се да најдеме светлина дури и до смрта одиме како ангели со сини криља исплетени со модри везови „дајте ми уште еден Момент Плус’’.


Болеста асистира, болеста инсистира: -Овде сме, видете не, зборуваме и покажуваме ние неможеме но нашите амбсадори  оваа година направија голем чекор во наше афирмирање.

Трчаа, возеа, пееа и наздравија во наше здравје со една цел да добиеме лицата со пулмонална хипертензија право на живот со адекватен третман.





Се е во нивната свест на скромни луѓе започнаа со ентузијам двајца виновници Валентина и Николче но за неполна недела се вклучиа сите нивни пријатели и колеги. Да не носеа секој од нив на плеќи пак ќе имаше кој да остане нетоварен. Преку 40 тркачи и велосипедисти се вклучиа на трасата на свеста дека секогаш можеме повеќе.











Најмалата ѕвезда од сите меѓу нив со неполни 10 и највозрасната во зрело доба. Но намерата ги водеше на патот кој никогаш верувајте не е по планираното, на рутата која ја истрчаа 57.7км. Нема правила на мерен пат нема правила ни во нашата болест.

Некои од нас денес се живи и против вољата на медицината, некои се борци со нескротлив дух. Но сите сме исто борци во виорот на времето во кое останува запишано нашето дело.

Делото беше на целта во еден здив истрчаа небаре колку што ние изодуваме една година .
Останаа запаметени зборовите на еден од вас мои летечки ангели : „Ја гледав целта и веќе неможев останав без здив, тогаш почувствував како Ви е’’, „Добро сум’’ едена сцена од целта која сите ја гледаа со насмевка и радост плачеше на крајот веројатно емоции на прашања, а треба ли да бидеме видливи за да се подигне свеста дека треба да дадеме здив. И она што го чувме потем од трасата кој наместа беше многу тежок бодрењето ги доведе до цел сите живи и здрави.



А толку малку треба да се направо за да се покаже разликата и реалноста. Се е во свеста и  желбата да се помогне.
Вие сте нашите летечки ангели летајте до решение веруваме во времето вие за 5 часа ние за 50 дена.
Не ги криеме солзите тие ни се утеха. На целта Ве чекавме онака како заслуживте многу повеќе многу посреќни и многу посамоуверени заедно можеме СЕ!