Friday, January 18, 2019

Ангели на земјата летаа кон целта



Балканот е чудно место тоа што не разликува е многу малку но тоа што не спојува сите е уште помала нишка на човечна скромност за подавање рака.

Гостите од Америка дури од таму знаат дека овде кај нас и странец на улица не останува ако затропа на врата на непознат.
Овде ние сме гости странци невидливи инвалиди кои меѓу луѓето побаравме некој за  нас да ги прошири убавите вести на далеку. Ние минуваме некогаш едвај 50 метри, но затоа моите пријатели кои години наназад не подржуваат појдоа на пат од 50 км за да покажат која е разликата позади убавите насмевки и лица.


Нашата болест е асистент во секој здив, те потсетува дека немаш здив а да се живее без воздух е агонично и застрашувачки. Но учиме во се да најдеме светлина дури и до смрта одиме како ангели со сини криља исплетени со модри везови „дајте ми уште еден Момент Плус’’.


Болеста асистира, болеста инсистира: -Овде сме, видете не, зборуваме и покажуваме ние неможеме но нашите амбсадори  оваа година направија голем чекор во наше афирмирање.

Трчаа, возеа, пееа и наздравија во наше здравје со една цел да добиеме лицата со пулмонална хипертензија право на живот со адекватен третман.





Се е во нивната свест на скромни луѓе започнаа со ентузијам двајца виновници Валентина и Николче но за неполна недела се вклучиа сите нивни пријатели и колеги. Да не носеа секој од нив на плеќи пак ќе имаше кој да остане нетоварен. Преку 40 тркачи и велосипедисти се вклучиа на трасата на свеста дека секогаш можеме повеќе.











Најмалата ѕвезда од сите меѓу нив со неполни 10 и највозрасната во зрело доба. Но намерата ги водеше на патот кој никогаш верувајте не е по планираното, на рутата која ја истрчаа 57.7км. Нема правила на мерен пат нема правила ни во нашата болест.

Некои од нас денес се живи и против вољата на медицината, некои се борци со нескротлив дух. Но сите сме исто борци во виорот на времето во кое останува запишано нашето дело.

Делото беше на целта во еден здив истрчаа небаре колку што ние изодуваме една година .
Останаа запаметени зборовите на еден од вас мои летечки ангели : „Ја гледав целта и веќе неможев останав без здив, тогаш почувствував како Ви е’’, „Добро сум’’ едена сцена од целта која сите ја гледаа со насмевка и радост плачеше на крајот веројатно емоции на прашања, а треба ли да бидеме видливи за да се подигне свеста дека треба да дадеме здив. И она што го чувме потем од трасата кој наместа беше многу тежок бодрењето ги доведе до цел сите живи и здрави.



А толку малку треба да се направо за да се покаже разликата и реалноста. Се е во свеста и  желбата да се помогне.
Вие сте нашите летечки ангели летајте до решение веруваме во времето вие за 5 часа ние за 50 дена.
Не ги криеме солзите тие ни се утеха. На целта Ве чекавме онака како заслуживте многу повеќе многу посреќни и многу посамоуверени заедно можеме СЕ!




No comments:

Post a Comment