Најголемо бреме на човека е човечноста. Иде или доаѓа, проаѓа или никогаш не доаѓа. А потребно е само малку дух и емпатија. Подари да ти пружат, не суди да не ти судат и прости да ти простат. Ова се највозвишените човекови вредности кои може да ги достигне само човекот.
Години наназад нашиот глас се слуша од наши пријатели и јабанџии кои ни се поблиски и од родени браќа и сестри зошто нив ги имаш по еден двајца неколку, а денес ги имаме многу неброени и искрени.
После долга бирка лицата со пулмонална хипертензија повторно на работ на егзистенција и опстанок за уште еден здив за уште еден момент. И чекаме почнавме да броиме на часовникот на времето кое за нас оддамна е изминато.
Но има некој кој е трагач за здив трагач за воздух и место нас оди по патеката на илјадници милји, а толку скромно и искрено. Тоа ја дава смислата на животот тоа дава надеж за новото утро кои сите ние 17 ќе го дочекаме да ве бодниме на новата трка на новата патека на новата прошетка што несебично ветивте ќе ја трчате 365 дена за нас.
Трчајте наши браќа и сестри, посетете ги најубавите места и запишете ја целта која е даровита од Вас, а ние ќе го благословиме секој ваш ден и подвиг.
Ако ние не можеме да го изодиме сами тој пат Вие сторете го тоа за нас одете видете и запаметете вашата цел е света и ние веруваме во вас само зошто знаеме колку е искрена и долга.
Од лицата со ПХ
на сите трагачи по здив
Saturday, January 26, 2019
Sunday, January 20, 2019
На Ѓургица и ПХ лугенца
„..Што велиш ти да сум - ех да сум!...Здив сум јас душо малечка, воздишка сум од небото за човек подадена, од болка украдена па фрлена во водата речна во езерце заробена што е, на робинка робинка постанав...Што сакам јас ти за воинка на светлината што се велиш да кренеш со меч и штит од ЉУБОВ, водата на реката да и ја вратиш, мене да ме ослободиш, леглото во џиновско човечко дишно крило да го престориш едно, кај жедните за здив веднага да го однесеш, кроз едно сите здив да зимаат, да ме дишаат заедно и лесно во веков човечки и по законот Божји.
...од една душа обична /на Ѓургица и ПХ лугенца, со љубов несебична/''-
Stanimirka Lola Tasevska
Stanimirka Lola Tasevska Се чувствувам човечки помеѓу активистите на Македонија во поддршка на ПХ пациентите за лесен пристап до лекарствата, за лесен здив, за момент плус во нивен живот. Нека оздрават сите болни во светов, здравите да се секогаш здрави!
Нека се здружат Светиите во висините и лугето на земјата - извор кој што е Еден од кој дотекува живот душевност и здравје ништо да не го сопира и заматува..
-Ако веке пости лекот - Да им се даде на сите! Ако пости право на живот -Да им се даде!
--Оние од кој зависи нивниот здив нека замислат дека се тие некој нивен близок од семејството -родот човечки нели е тоа ?
--Оние од кој зависи нивниот здив нека замислат дека се тие некој нивен близок од семејството -родот човечки нели е тоа ?
Поддршка на ПХ пациентите со 32 изодени километри од село Матејче -Манастирот -Скопска Црна Гора во денешна акција на ПД Трансверзалец по угорници и снег.
-Денес само заради нив -Нека моите чекори не бидат попусто изодени!
Stanimirka Lola Tasevska Ако веке живееме во исто време ако веке имаме по еден живот ако веке постојат патишта треба да сме еден до друг и еден за друг заедно за да си го олесниме и разубавиме животот♥️🍀🙋♀️💃😍
Friday, January 18, 2019
Ангели на земјата летаа кон целта
Балканот е чудно
место тоа што не разликува е многу малку но тоа што не спојува сите е уште
помала нишка на човечна скромност за подавање рака.
Гостите од
Америка дури од таму знаат дека овде кај нас и странец на улица не останува ако
затропа на врата на непознат.
Овде ние сме гости странци невидливи инвалиди кои меѓу луѓето побаравме некој за нас да ги прошири убавите вести на далеку. Ние минуваме некогаш едвај 50 метри, но затоа моите пријатели кои години наназад не подржуваат појдоа на пат од 50 км за да покажат која е разликата позади убавите насмевки и лица.

Нашата болест е асистент
во секој здив, те потсетува дека немаш здив а да се живее без воздух е агонично
и застрашувачки. Но учиме во се да најдеме светлина дури и до смрта одиме како
ангели со сини криља исплетени со модри везови „дајте ми уште еден Момент Плус’’.
Болеста асистира,
болеста инсистира: -Овде сме, видете не, зборуваме и покажуваме ние неможеме но
нашите амбсадори оваа година направија голем
чекор во наше афирмирање.
Трчаа, возеа,
пееа и наздравија во наше здравје со една цел да добиеме лицата со пулмонална
хипертензија право на живот со адекватен третман.
Некои од нас денес се живи и против вољата на медицината, некои
се борци со нескротлив дух. Но сите сме исто борци во виорот на времето во кое
останува запишано нашето дело.
Делото беше на
целта во еден здив истрчаа небаре колку што ние изодуваме една година .
Останаа запаметени
зборовите на еден од вас мои летечки ангели : „Ја гледав целта и веќе неможев
останав без здив, тогаш почувствував како Ви е’’, „Добро сум’’ едена сцена од целта која сите ја гледаа со насмевка и радост плачеше на крајот
веројатно емоции на прашања, а треба ли да бидеме видливи за да се подигне
свеста дека треба да дадеме здив. И она што го чувме потем од трасата кој
наместа беше многу тежок бодрењето ги доведе до цел сите живи и здрави.
А толку малку
треба да се направо за да се покаже разликата и реалноста. Се е во свеста и желбата да се помогне.
Вие сте нашите
летечки ангели летајте до решение веруваме во времето вие за 5 часа ние за 50
дена.
Не ги криеме солзите тие ни се утеха. На целта Ве чекавме онака како заслуживте многу повеќе многу посреќни и многу посамоуверени заедно можеме СЕ!
Sunday, April 29, 2018
Сестро јас ќе те водам на маратон...
Дали знаете како е кога животот ќе ве изненади.Едноставно изненадување кое ти го променува животот за 360 степени.Да 360 степени.
Колку само многу сме така изненадени...
Колку млади од активни станале буквално инвалиди.Невидливи инвалиди од ретка болест Пулмонална (Белодробна)Хипертензија.
Многумина кога ќе прочитаат Хипертензија мислат хмм знам што е тоа,баба ми има,чичко ми страда..
Но не ,мили мои тоа е опака болест која ти го зазема цел дух ,остануваш без здив.Остануваш без својот живот и имаш сосема нов,друг,непознат.
Од активна стануваш старица на триесет години. Тешко искачуваш скали. Остануваш без здив и кога збориш.Малската продавница е како да треба да пешачиш до соседното село.Среќен си ако станеш и успееш да се облечиш,да се средиш. Среќа е ако успееш надвор да излезеш.
Животот е голема загатка.Зошто ?Како ? Но се случува.
Бев 33 години кога извршувајќи ги работните обврски наеднаш осетив вртоглавица,силно биење на срцето,омалаксаност,неможност да продолжам пеш уште три метра.Вистински хорор кој сеуште трае.
Имам многу сестри и браќа во цела несреќа.ПХ Фамилија во која делиме исти судбини.
Заедно сме посилни.Заедно можеме многу.
Минатата година брат по болест од Бугарија Тодор ,исто пациент со Пулмонална (Белодробна) Хипертензија,вид Тромбоемболична заболел на 33 години.Активно воено лице,командант .Но болеста кога иде не прашува.За среќа овој вид на Пулмонална (Белодробна)Хипертензија се третира оперативно и голем дел од пациените можат да живеат нормален живот.Така и тој вистински борец живее и ужива во секој момент и активност. Но сакаше да ми подари дел од тоа што го немам и не можам да го имам. Ми кажа сестро оваа година ќе трчам со тебе на маратон и ти да го почувствуваш духот и адреналинот.Вистинско Богатсво.Моменти кои не се забораваат.И така истрча 5 км буткајќи инвалидска количка а во неа јас.Успеа..
Чувството е неописиво.Но пораката единствена Хронично Тромбоемболична Пулмонална (Белодробна) Хипертензија се третира,пациенти од цел свет бидете свесни за тоа.
Денес на 39 годишна возраст,една недела пред Скопски маратон,повторно се подготвуваме и здравје боже уште една порака ќе испратиме.
Животот е еден миг ,живеј го!!!
Ѓургица Ќаева

Monday, August 28, 2017
Get Breathless for PH on Elevation 5,609.2 m
Representatives from the mountain society Kozuf from Gevgelija Karkalashev risto,Karajkova Ljubica,dr.Nikova Petranka.
Expedition from Republic of Macedonia spread our branded flag Get breathless for Pulmonary Hypertension at one of the highest peaks in the country Mount Damavand ( Elevation 5,609 m) Mount Damavand a potentially active volcano,is a stratovolcano in Iran the Middle East. https://en.wikipedia.org/wiki/Asia

Subscribe to:
Posts (Atom)