Tuesday, May 9, 2017

Ангели со ПХ

Ангелу без крилја, дојде и замина, замина во вечност и ги остави бездивните денови. Отиде каде ангелите што живеат се надевам во вечноста се смири твојата напатена душичка. На денешен ден замина, од каде нема повраток и ни остави аманет нас кои останавме да се бориме за секој нов здив.

Ве испративме тројца до денес, овој ден Ви го посветваме Вам иако не сте со нас секогаш ке сте во нашите кревки срца. Неможевме да ве сочуваме да Ви помогнеме повеќе, но можеме да се сеќаваме на Вашата борба за живот и како нем сведок да ги продолжиме патеките за подобро утро.

Едно сеќавање ќе остане бевме борци во иста борба, изгубивме битки не скршија но во Ваше име оние кои останаа и живеат живот ко фиданки да направиме подобро утро.

Мои пријатели наши ПХ АНГЕЛИ летнавте заминавте ја изгубивте борбата за здив, но не забораваме на Вас. Денес една година од последната битка, а секоја година нова битка и живот без Вас. 
ОСТАНЕТЕ ВО ЅВЕЗДИТЕ И ВНИМАВАЈТЕ НА НАС!



No comments:

Post a Comment