Monday, July 4, 2016

Како ја запознав Ѓурѓица

Еве ја и мојата приказна како ја запознав Ѓурѓица. Чинам беше 27.02.2015 на годишната прослава на ретките болести. На самиот ден меѓу присутните гости ми остави впечаток неколку работи меѓу кои беше присуството на првата дама госпоѓа Маја Иванова, луѓето на цистична фиброза со маските на уста и една млада дама госпоѓа Ѓурѓица. Морам да напоменам дека јас како член на една поголема организација бев со својот тим и се чувствував како своја на свое иако останатите лица ми беа далечни ама едно не поврзуваше – здравјето.
Името и го имав чуено многупати и имав слушано многу за неа и она што го имав во глава и во претстава е дека се работи за некоја возрасна крупулентна жена. Но кога ја видов тоа беше млада девојка мајка со едвај 50 килограми може ни толку во црвено пругасто фустанче со насмевка која беше заразна.




 Мислаш права балерина, мислиш оваа жена девојка нема ниедна грижа на светот. Зрачеше со сила и моќ со убавина од душа и од секој кажан збор. Ама под превезот под тоа нежно лице се криеа илјада потешкотии. Денес сум свесна повеке од се за тоа. Затоа во знак на подршка го пишувам овој текст за да ја подржам Ѓурѓица да дише уште многу лета заедно со нас.
Од Ирена за Ѓурѓица

No comments:

Post a Comment