Вака изгледа уметничкото дело од шарените бонбони, козметика за моето здравје во сите бои на виножито кое води кон една нова воздишка. Пијам лекови за да дишам. Дишам за својот син за себе за својот живот за подобро утро и се надевам. Ке дишам и понатаму јас сум силна и имам воља за живот, наулив да го ценам животот колку вреди дента кога го изгубив своето здравје. Ако сакаме да зборуваме ова се само зборови, не се стамам од тоа која сум и што сум ниту да кажам дека сум немоќна и дека ми се потребни часови за кажам, неможам ни сама да го напишам текстот ама се додека можам да ги испијам лековите кои ги имам и чекам тацната да се надополни со лекови кои ги немам ке дишам.
Ова се зборови на Ѓурѓица таа не може да го пише својот текст ама секогаш ке има некој покрај неа што може. Дишиме со Ѓурѓица, дишиме длабоко, дишиме со прекини споро. Но дишиме и понатаму...
No comments:
Post a Comment