А мамо кога ке можеш да дојдеш со мене на море макар на еден ден?
А ако ти помогнеме со тато да се симнеш дали ке можеш да дојдеш со нас? :(
:( Не сине мама неможе надвор е премногу топло, морето е на цел саат од овде, а таму воздухот е премногу влажен, мама ова лето нема да може, ама ти ветува штом ке е подобро првото што ке го направиме заедно е ке одиме на море!
Мамо а доколку ги имаш лековите ке можеш ли?
Можеби ке можам незнам кога ке ги имаме ке знаеме?
Мамо а ке ти донесат ли овие денови лек?
Нели ти треба да го имаш тој лек, зошто не ти го даваат?
Незнам сине, дојди да те бакнам и оди со тато оди играј си и избањајте се и за мене...
Мама те сака многу, ти си среќа и надеж мајкина ,мама се радува со тебе, само ти биди среќен, и јас ке сум.
Сега оди чедо
No comments:
Post a Comment