Ѓурѓовден (Јоргован), предводник на Пролета на НОВ живот за нова надеж за ново раѓање.
Ја излези Ѓурѓо на пенџери – првиот момент кој ми одѕвони во моите мисли и разигра душа, стегна срце, бликна пот.
Милно лице, ведра насмевка, распеан глас, сјај во очи, немир во во говор, навидум различни а толку исти. Ведрината на насмевката и немирниот говор се повеќе ме втурнувасе длабоко внатре да чујам она што не го кажува, туку она што го чувствува, оној неспокој кој сакаше да го потисне длабоко внатре да не ги натажи другите од сопствената тага, успеја, ама делумно сјајот на погледот кажуваше нешто сосема спротивно, се бореше да истрае да ја победи тагата ,,се избори со неја, но пораката ми беше пратена, ДА ОДИМЕ ЗАЕДНО ДО НОВИ ПОБЕДИ.
КАДЕ: Онаму на кого му е потребно подадена рака, со оној кој многу пати паѓал и пак станувал, со другите како нас, онаму каде невозможноте е пат кон излезот, таму е јунаштвото.
ЗОШТО: Изборот го направи некој друг, ние само ја прифативме поканата, јас не ја најдов дијагнозата она ме најде мене. Жедниот го бара изворот, изморениот постелата, тажниот рамото, ‘‘Болниот лекот‘‘. Сите заедно под ова небо сите различни а исти од едно место само нам познато ја праќаме една порака ЗА ПОДОБРО УТРЕ.
од Драги за Ѓурѓа
No comments:
Post a Comment